Градоначалникот на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски ги игнорира интересите на граѓаните, порачаа утрово од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека преку јавна анкета граѓаните му порачаа на Муцунски дека се против изградбата на 9 висококатници на влезот на населбата Лисиче.
-Оттогаш поминаа десетина денови, а Муцунски се уште не ги избришал спорните маркички за градба и наместо да дејствува по гласот на граѓаните, тој шири лажни вести и конструкции.
Муцунски веднаш да го повлече спорниот ДУП, а Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по случајот „Парцели во Лисиче“.
Пред изборите им ветуваше зеленило и паркови, а сега им нуди бетонизација и парцели за висококатници.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо во изминатиот период во општините што ги раководат, но затоа дејствуват спротивно од интересите на граѓаните кои им ја дале довербата, стои во партиското соопштение.