Пресудите во предметот Титаник го потврдија криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.Се потврди дека постоело злосторничко здружение кое ја фалсификувало волјата на граѓаните, вршело изборен поткуп, злоупотребувало пари и институции и незаконско финансирало изборни кампањи, коментираат од вадејачката партија.
Оттаму посочуваат дека по вчерашните пресуди, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка заедно со неговиот Извршен комитет, бидејќи како што велат тие ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана партија, со истите луѓе кои биле дел од судски процеси, со судска пресуда за сторен криминал.
-Во Титаник обвинети се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски.Мицкоски е некогашна десна рака на Груевски, негов советник и генерален секретар.Затоа Мицкоски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да се повлечат, велат од СДСМ.