СДСМ бара оставка од пратеникот Ристески поради кривичната за набавка на мазут

од Nikola Popovski
287 прегледи

СДСМ побара Петар Ристески, прилепскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесе оставка од функцијата откако Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против него.

-Ристески нема ниту храброст, ниту доблест да се откаже од пратеничкиот имунитет и да им се стави на располагање на правосудните органи. Наместо тоа, се крие зад нарачани изјави на советници од неговата партија, кои безуспешно се обидуваат да ги забошотат фактите и бројките изнесени во кривичната пријава и да го бранат она што ниту смее, ниту може да се брани.

А тие велат дека од октомври 2015 до август 2017 година, од позиција на директор на прилепската болница, без да распише тендер, Петар Ристески набавил 190.000 килограми мазут, во вкупна вредност од околу 5.500.000 денари, изјави Зоран Пачешкоски, претседател на ОО при СДСМ Прилеп.

Пачешкоски го повика претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски, да побара оставка од својот сопартиец.

-Истовремено, тоа ќе значи и негово дистанцирање од злосторничкото здружување кое во прикриена форма и натаму опстојува во партијата на Мицкоски, а поради чии незаконски и криминални активности судот им ја конфискуваше „Белата палата“, стои во изјавата на Пачешковски.

Слични содржини