СДСМ бара сите јавни претпријатија да се вклучат во чистење на ѓубрето во Скопје

од Nikola Popovski
308 прегледи

Советничката група на СДСМ иницира одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје за проблемот со ѓубрето и отпадот што во изминатите денови го имаше во изобилство во и околу контејнерите во главниот град. Како што изјави советничката Љубица Јанчева, СДСМ ќе предложи и мерки и активности за итно дејствување на градот.

-Една од мерките, една од решенијата што ќе ги предложи СДСМ заедно со коалициските партнери за решавање на проблемот со ѓубрето е вклучување на сите јавни претпријатија. Со сиот свој човечки потенцијал, а потоа и со онаа механизација со која располагаат јавните претпријатија да се вклучат во чистењето за што поскоро целосно да се расчисти ѓубрето во Скопје и состојбата да се врати во нормала, кажа Јанчева.

Според неа, оваа мерка ќе овозможи ЈП “Комунална хигиена” брзо да се врати во секојдневниот работен тек, а ќе превенира и во иднина да не се случува повторно ваков хаос.

-Очекуваме поддршка од сите советнички групи, вклучително и од мнозинството во Советот од ДПМНЕ. Наместо модерно Скопје како што Мицкоски и ДПМНЕ ветуваа пред скопјани кога бараа гласови од нив, создадоа загаден град и нефункционални јавни претпријатија, истакна советничката и додаде дека советот има механизми што треба да ги искористи во интерес на граѓаните и во интерес на Скопје, и во оваа насока очекуваме одговорност од сите советници.

Слични содржини