СДСМ: Барањето за брзи избори го покажува стравот од пресуди против функционери од ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска

Пуста желба за власт е барањето на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за брзи предвремени избори.Парламентарното мнозинство изгласа нова Влада со мандат до 2024 година а легитимитет го црпи од резултатите на парламентарните избори во 2020 година, велат од СДСМ.

-На тие парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините политики беа поразени.Од тие избори па до денес партијата предводена од Мицкоски не понуди ништо ново, ништо различно од тоа што го нудеа тогаш.Барањето за брзи избори го покажува стравот на Мицкоски дека веќе се гледа неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, но и стравот од пресуди во судските процеси кои се водат против функционери од оваа партија.Предвремени парламентарни избори нема да има, граѓаните се уморни од постојани избори, а оваа Влада предводена од СДСМ ќе го заокружи целиот мандат, нешто што не се случило повеќе од 15 години, соопштија од СДСМ.

Слични содржини