СДСМ: БДП во споредба во времето на ДПМНЕ е зголемен за 3 милијарди евра

од Nikola Popovski
240 прегледи

Бруто домашниот производ во споредба со ДПМНЕ е зголемен за 3 милијарди евра, се пофалија утрово од СДСМ. Од партијата порачаа дека во 2017 година, БДП изнесувал 9.7 милијарди, а во 2022 е 12.9 милијарди.

-Истовремено со најголем пакет антикризни мерки од државите во регионот, во висина од 760 милиони евра, беше обезбедена поддршка за граѓаните и за компаниите за справување со енергетската и економската криза.

СДСМ не инвестира во стиропор, споменици и жални врби, туку ги враќа парите кај граѓаните, стои во партиското соопштение.

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година забележа раст и е 2,1%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2023, поголем пораст е забележан во секторите – Градежништво од 12,7% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10,6%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,
во првото тримесечје, номинално расте за 14,8%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,7%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 1,4%.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите, покажуваат податоците на ДЗС.

Слични содржини