СДСМ: Бескаматни кредити од 10 милиони евра, со можност за грант до 50%

од Nikola Popovski
275 прегледи

Во рамките на петтиот пакет економски мерки е предвидена нова линија бескаматни кредити во износ од 615 милиони денари или 10 милиони евра, пари од Буџетот, кои ќе се пласираат преку Развојната банка, велат утрово од СДСМ.

Според нив, кредитите во висина од 3.000 до 30.000 евра се наменети за микро, мали и средни трговски друштва до 250 вработени од областа на туризмот, угостителството, ивент-индустријата, приватните здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, кои имаат пад на приходите од најмалку 30% и капитал и резерви во своите биланси не помалку од 33% од износот на бараниот кредит.

„Овие бескаматни кредити имаат грант компонента до 50%, односно до 15.000 евра, која се применува ако корисниците годинава ги зголемат приходите за најмалку 10% и ако го зголемат бројот на вработени за најмалку 5% во однос на 2020 година.

Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите, како и да сочува што повеќе работни места.

Продолжуваме со поддршката за домашната економија, остануваме посветени на реализација на мерките и политиките што носат економски раст и развој“, стои во партиското соопштение.

Слични содржини