СДСМ: Без срам и перде Мицкоски ги злоупотребува заболените од коронавирус во своите деструктивни политики, пописот ќе се спроведе согласно сите мерки за заштита

139 прегледи

Во своето соопштение, владејачката СДСМ денес посочува дека не треба да се злоупотребуваат заразените лица од Ковид 19, за маркетиншки цели и блокада на важната статистичка операција како што е пописот.

„Претстојниот попис на население и домаќинства ќе се спроведе по сите светски стандарди и со почитување на сите протоколи и мерки за зашттита на здравјето од коронавирусот. По 19 години државата ќе спроведе попис со кој ќе се добијат релевантни, прецизни и точни податоци, важни за креирање и спроведување на долгорочни, одржливи политики и стратегии.

Христијан Мицкоски одново бара алиби, како што бараше алиби за да побегне од локалните избори во Штип.

Потрчкото на Сашо Мијалков и Никола Груевски, Христијан Мицкоски, човекот кој прв ги кршеше мерките за заштита од коронавирусот денеска без срам и перде ги злоупотребува заболените и починатите од коронавирус во своите деструктивни политики на штета на граѓаните и државата.

Тоа е Мицкоски, кога не шири лажни вести, кога не брани криминал, тогаш злоупотребува човечки несреќи во обид да ќари некаков политички поен, во обид да си ја зачува фотелјата во белиот дворец.

И додека тој бара одлагање на пописот глумејќи загриженост за здравјето на граѓаните, неговите соработници организираат јавни собири собирајќи потписи за спас на неговата фотелја во белиот дворец.

Мицкоски не е загрижен за здравјето на граѓаните, ниту пак сака државата да спроведе попис по цели 19 години. Се што тој прави е само за да го спречи напредокот на општеството, државата да остане без попис и целосни податоци, но тој филм нема да го гледа.

Граѓаните одамна го знаат тоа и затоа Мицкоски шест пати е поразуван, затоа е во опозиција и затоа уште долго ќе остане таму“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини