Броењето пратеници на Христијан Мицкоски му е многу слаба страна. Тоа го покажал неколку пати досега. Исто како што велеше дека има 61 пратеник за распуштање на Собранието и избори во мај, соопштуваат од СДСМ.
„Очајни се овие обиди на Мицкоски, погрешната математика и штанцањето нови измислици ќе му се вратат како бумеранг многу бргу.
Целата јавност знае дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат на државата, кои не се согласуваат со анти-европскиот став на Мицкоски и се подготвени да ги поддржат сите чекори.
На овие пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кариерата на Мицкоски не им е поважна од европската иднина на македонските граѓани. Напротив.
Изолиран и во целосно заложништво на Левица Мицкоски го чекаат нови порази.
СДСМ ги повикува сите прогресивни групи и пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на процесот, потребните реформи да бидат усвоени и државата да продолжи по европскиот пат“, наведуваат од владејачката партија.