Државната изборна комисија денеска на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје.
- Алијанса за Албанците
- Алијанса за Албанците и Алтернатива
- Алтернатива
- ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“
- ВМРО Народна партија
- Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ)
- Движење БЕСА
- Движење „Одлучно за промени“ (ЛДП и ДОМ)
- Демократска партија на Албанците (ДПА)
- Демократска унија за интеграција (ДУИ)
- Демократска партија на Турците на Македонија
- Коалиција „Најдобро за мојата општина“ предводена од СДСМ
- Коалиција „Сите заедно“ – ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива
- Левица
- Партија за движење на Турците во Македонија (ПДТ)
- СДСМ
Поради ситуацијата поврзана со пандемијата со Ковид-19, седницата на која се одржа жрепката се одржа без присуство на овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи.