Прв на листата за замрзнување на цената, беше белиот и полубелиот леб, кој сега се продава за 33 денари. Цените на млекото и на млечните производи се намалија за 10, а на тестенините за 15 проценти. Владата денеска треба да ја замрзне на цената на јајцата и на оризот согласно цените кои што биле во март, порачаа од СДСМ, поздравувајќи ги одлуките на Владата за намалување и замрзнување на цените на основните прехранбени производи.
Додаваат дека „СДСМ нема да дозволи некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза, која несомнено ги погодува сите“.
-Во време на криза, никој не е оставен сам. СДСМ продолжува со вистинска грижа за стандардот на граѓаните, истакнуваат од владеачката партија.
Се очекува цената на јајцата и оризот од денес да бидат замрзнати. Ќе се продаваат на ниво на една од цените кои важеле во март, но допрва треба да објават од Владата.
Примената на владините одлуки ја контролира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а казните за непочитување изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.