СДСМ: Цените се намалуваат, повеќе пари остануваат во семејните буџети

од Nikola Popovski
142 прегледи

Со одлука на Владата предводена од СДСМ, цените на јајцата и домашниот ориз се замрзнуваат на ниво од 15 март, велат од владеачката партија, порачувајќи дека „со одговорни мерки и политики го штитат стандардот на граѓаните“.

Потенцираат дека мерките за намалување на цените на прехранбените производите даваат резултати.

-Цените се намалуваат, повеќе пари остануваат во семејните буџети. Во време на криза, додаваат од оваа партија, никој не е оставен сам, велат од СДСМ преку соопштение.

Владата вчера ги „замрзна“ цените на оризот и јајцата од кокошка и ги задолжи производителите на јајца да продаваат 70 отсто на македонскиот пазар.

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека трговците имаат обврска редовно да набавуваат и продаваат јајца во количини што ги набавиле во јануари и февруари годинава.

Министерот за економија, Крешник Бектеши објасни дека просечната цена на јајцата на 15 март била 8,5 денари и дека сега најскапите може да се искачат и до 9,8 денари, во зависност од големината и пакувањето.

Слични содржини