СДСМ: Четири години подоцна, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не ги осудија настаните од 27-ми април

од Nikola Popovski
299 прегледи

СДСМ го одбележува 27-ми април како најцрниот датум во историјата на македонската демократија.

„27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ. Вооружени насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби,да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија. Тие насилници кои беа придружувани и од Христијан Мицкоски пред македонското Собрание, не се, ниту некогаш ќе бидат уставобранители, тие се само насилници, бранители на криминалите на Никола Груевски“, стои во партиското соопштение.

Според нив, денеска, четири години подоцна, наместо извинување и осуда, целата јавноста гледа како Мицкоски цврсто стои на браникот на криминалот и насилството, стои во одбрана на осудените насилници за крвавиот четврток.

„Тоа покажува дека ништо не е сменето во опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е истото ВМРО-ДПМНЕ предводено Груевски. Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните. Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимско насилничката матрица на Груевски. Граѓаните, јавноста тоа го знае и затоа Мицкоски, затоа што освен насилство и одбрана на криминал, не нудат ништо што е во интерес на граѓаните и државата. СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори“, соопштија од владеачката партија.

Слични содржини