„Дали Мицкоски се плаши од тоа што ќе покаже истрагата за Онкологија?“, велат од СДСМ во својата реакција на изјавите на лидерот на опозицијата по повод случајот.
„Наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции за расчистување криминал на клиниката за Онкологија Мицкоски се обидува да ја политизира, злоупотребувајќи ги болните.
Очигледно поврзувањето на Мицкоски на акцијата со ново барање за избори е само за да не се реши овој случај, кој се отвора за прв пат после 20 години.
Грозоморната шема била воспоставена пред многу години и сега е време секој што се огрешил да се соочи со одговорноста и да биде изнесен пред лицето на правдата.
Дали Мицкоски се плаши од тоа што ќе го покаже истрагата за Онкологија, за се она што се правело години наназад?“, се додава во реакцијата од Бихаќка.