СДСМ: Дали Мицкоски знае дека е почната школската година и дека родителите веќе ги набавија сите потребни материјали и прибор за своите деца?

од Nikola Popovski
40 прегледи

Откако од Владата најавија дека подготвуваат мерки за намалување на трошоците за семејствата околу почетокот на училишната година, со реакција се јавија од СДСМ. Според најголемата опозициска партија, премиерот „Христијан Мицкоски потврди дека е целосно одлепен од реалноста и си поигрува со граѓаните“.

-Дали Мицкоски знае дека е почната школската година и дека родителите веќе ги набавија сите потребни материјали и прибор за своите деца?

Не е за верување обидот на Мицкоски да ги изманипулира родителите дека ете Владата нешто ќе помогне за учениците. Платите не ги покачува, цените на прехрамбените производи не ги замрзува, но ќе ги замрзен цените на школскиот прибор кој е веќе набавен од мнозинството ученици и родители. Ова е потсмевање на маката на родителите и ништо друго.

Додека соседните Србија и Црна Гора ги замрзнаа цените на прехрамбените производи, Мицкоски го уништува стандардот на граѓантие за да им угоди на компаниите. Не е ни чудо што наши сограѓани веќе патуваат за Србија за да набават основни производи за прехрана. ВМРО-ДПМНЕ секој ден докажува дека економската состојба и стандардот на граѓаните само ќе се влошуваат од ден во ден, стои во партиското соопштение.

Веќе се прави анализа која ќе биде готова денес, како што соопшти Мицкоски, и на утрешната владина седница се планира да се излезе со план за лимитирање на цените на производите кои што се непходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година.

-Се предвидува лимитирање на цените на производите кои се најпотребни за почетокот на учебната година. Се надевам дека денеска анализата ќе биде готова и ќе излеземе со предлог мерки на владината седница. Се подготвуваме да го олесниме трошокот на родителите за успешен почеток на учебната година, со лимитирање на цените, кажа премиерот, одговарајќи на новинарски прашања.

245 илјади основци и средношколци почнуваат со настава. Речиси 18 илјади првачиња ќе седнат во училишните клупи. Новата учебна година стартува со физичко присуство за сите, освен за ученици од неколку училишта каде што од претходно не биле обезбедени просторни услови.

Едносменска настава се воведува во 140 училишта.

Слични содржини