СДСМ: Дали партијата Левица коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува руската агресија врз Украина?

од Берта Китинска
247 прегледи

Додека македонското општество, сите политички субјекти ја осудуваат руската агресија врз Украина, раководството на политичката партија Левица навива за што повеќе жртви во воената агресија, велат од владејачката партија.

-Пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов и други членови на раководството на партијата со објави на социјалните мрежи го слават военото насилство во Украина.Дали партијата Левица коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува руската агресија врз Украина?Ваквите ставови на Левица се спротивни на државните и националните интереси и меѓународното позиционирање на Република Северна Македонија, посочуваат од СДСМ.