СДСМ: Дали проблемот со образовните асистенти е поради партиски вработувања?

од Nikola Popovski
62 прегледи

СДСМ утрово соопшти дека министерката за образование Весна Јаневска признала дека нема образовни асистенти во училиштата и дека децата со попреченост седат дома, наместо во училиште. Обвинуваат дека ниту едно дете со попреченост се уште не е на училиште затоа што Јаневска не ја завршила постапката за над 800 образовни асистенти.

„МОН на чело со Јаневска го попречува остварувањето на основното правото на децата-ученици со попречност за задолжително основно образование. Јаневска треба да одговори дали овој проблем е всушност заради партиски вработувања? Дали се правени списоци по Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ за кој да се вработи и затоа се касни со целата постапка? Ова е безобразно и целосно спротивно на начелата на Законот за основно образование кој гарантира најдобар интерес и целосен развок на ученикот, еднаквост достапност и инклузивност“, велат од партијата.

-Денеска, на почетокот на учебната година, 815 образовни асистенти ги потпишуваат договорите за вработување и можат да почнат со работа, а  дополнително се обезбедуваат уште 200, за кои ќе треба да се почека барем две недели, рече Јаневска пред три дена.

Договорите на досегашните образовни асистенти им истекоа на 31 август, затоа што се потпишуваат на една година, но од Министерството за образование решиле тие денеска да ги потпишат договорите за продолжување на работните обврски на асистентите и веднаш да почнат со работа. За оние 200 што фалат, денеска е објавен конкурс, кој трае пет дена, а потоа следуваат две недели обука.

Според податоците за скопскиот и североисточниот регион има потреба од 264 асистенти. Договорите на асистентите кои биле ангажирани минатата учебна година истекле на 31 август, затоа што се потпишуваат на период од една година.

Слични содржини