За разлика од опозицијата која нуди нереални проекти без реални пресметки, ние даваме збор дека нашите проекти ќе бидат реалност до 2025 година, збор кој планираме да го одржиме, одговорно и домаќински, за да имаме уште поразвиени општини и држава, велат преку соопштение од СДСМ.
Спред нив, во периодот 2021-2025 нивниот фокус ќе биде ефикасноста, грижата за потребите на граѓаните и силната определба да создадеме функционални општини способни да ги решаваат проблемите на граѓаните.
-СДСМ во изминатите четири години покажа дека работи, дека ниту една општина не остана запоставена и задолжена и дека локалните самоуправи останаа висок приоритет на Владата предводена од СДСМ, велат од владеачката партија.