СДСМ денеска ќе одржи конвенција за избор на кандидат за претседател на државата на кој треба да се официјализира поддршката за актуелниот претседател Стево Пендаровски. Тој до ДИК ја достави и иницијативата за собирање 10.000 потписи од граѓаните за неговата кандидатура.
Како што најавија од партијата, Конгресот ќе има отворен и работен дел. По завршување на работниот, затворен дел, Конгресот ќе биде отворен за јавноста, а Пендаровски ќе има обраќање.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, на конвенција вчера и официјално ја промовираше професорката Гордана Силјановска-Давкова за претседателски кандидат. На конвенцијата беше поддржана од 444-ца делегати, а најави дека ќе собира и 10.000 граѓански потписи.
Гордана Силјановска-Давкова ќе биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ на претстојните избори за претседател, беше одлучено вчера на конвенцијата на најголемата македонска опозициска партија.
Од 454 делегати на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ, 444 ја поддржаа претседателската кандидатура на Силјановска-Давкова, пратеник на таа партија во Собранието и пензиониран универзитетски професор по право.
Силјановска-Давкова порача дека претседателот на државата треба „да се однесува надвор од партијата, да едуцира, да се обединува, да биде проактивен и да ја почитува соработката и мирното решавање на споровите“.