СДСМ: Диви депонии никнуваат во Карпош и во секоја друга скопска општина

од Vladimir Zorba
261 прегледи

„Данела Арсовска во својот отчет излажа дека во првите 82 од мандатот ги исчистила сите депонии на територија на Град Скопје“, соопштија од СДСМ.

„Дивата депонија во Општина Карпош е една од многуте диви депонии кои се неисчистени, додека Арсовска ја лаже јавноста дека нешто работи.

Идентично е и во секоја друга скопска општина, депониите не само што не се чистат туку секојдневно никнуваат и нови.

За 82 дена од мандатот единствено што Арсовска успеа да направи е да постави мобилни тоалети, да нивелира шахти и да ја партизира градската администрација.

По првите три месеци од мандатот јасно е дека Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје.

Граѓаните на Карпош, како и сите скопјани, не заслужуваат ваква неспособна градоначалничка која наместо да ги реализира ветувањата, секојдневно бара оправдување за своето неработење“, додаваат оттаму.

Слични содржини