СДСМ: Дизелот се продава за 86,5 денари, ЈСП склучи договор по 118 за литар – каде ќе завршува разликата?

од Nikola Popovski
143 прегледи

СДСМ денеска на прес-конференција обелодени документ, дел од склучениот договор за гориво, според кој 14 и пол милиони литри дизел гориво ЈСП ќе набавува по цена од 100 денари за литар плус 18 отсто ДДВ, односно за 118 денари за литар. Од партијата велат дека вредноста на договорот е 1,71 милијарда денари со ДДВ или скоро 30 милиони евра.

-Цената на дизел горивото, денеска изнесува 86,5 денари за литар, а дневната потрошувачка на гориво на ЈСП е помеѓу 25 и 28 тони. ЈСП дневно прави загуби од 1.000.000 денари или месечно околу 500.000 евра. Ова е класичен пример како се испумпуваат пари од граѓаните и пример како Јавното претпријатие влегува во загуба. Каде завршува разликата од реалната цена и цената утврдена во Договорот која е далеку повисока?, праша советникот од СДСМ во Град Скопје, Гордан Шутаров.

Веднаш со реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ, изнесувајќи информација дека кадар на СДСМ, поставен од градоначалничката Данела Арсовска го потпишал тендерот во четири очи за набавката на гориво за 118 денари по литар.

-Директорот на ЈСП е кадар на СДСМ. За тоа сведочат и фотографиите на Александар Стојковски во штабот на СДСМ. Стојковски е кадар на Ковачевски и Зечевиќ назначен од Арсовска. Тоа е тајната коалиција СДСМ – Арсовска. Кадарот на СДС Стојковски го потпиша тендерот од 27 милиони евра, порачаа од „Белата палата“.

Слични содржини