Повели Максим, вечерва од 20.00 часот на плоштадот во Куманово да видиш што е величествен град, величествен настан, да видиш што е горд кумановски и македонски народ.Повели Максим да чуеш како ечи НАЈДОБРОТО!, порачуваат од СДСМ.
-Што се однесува до твојата лажна загриженост за привремено остранета канделабра на кумановскиот плоштад, за што пишуваш на фејсбук, НАЈДОБРОТО ти порачува – после величествениот настан истата ќе биде на своето место, а после победата на Оливер Илиевски нашето Куманово ќе добие и многу многу повеќе од тоа:Модерен плоштад и шеталиште. Подземни сообраќајници и паркиралиште.Нов партерно уреден кеј.Две нови градинки.Реконстриуиран градски стадион.Обновена Спортска сала.Комплетно зазеленување на градот.Вело парк.4 затворени спортски игралишта.И тоа не е се!Повели Максим вечер да чуеш што е НАЈДОБРОТО за Куманово, соопштија од СДСМ.