СДСМ до Мицкоски: Скандал е тоа што Владата на ДПМНЕ во 2013 го доделила Тиквеш на приватниот инвеститор 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен

од Nikola Popovski
237 прегледи

Христијан Мицкоски или нема познавање или свесно кажува невистини за Чебрен. Не е точно дека е избришан член во Одлуката за започнување на постапка за доделување на концеција. Вистината е дека во членот 5 од Одлуката за изменување, избришан е само ставот 3, каде што се доделува Тиквеш 3 месеци по добивање на одобрението, велат од СДСМ како реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според владеачјата партија, останува ставот 2 како правен основ и посочуваат дека она што го говори Мицкоски веднаш паѓа во вода.

-Затоа, скандал е тоа што Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ во 2013 година го доделила Тиквеш на приватниот инвеститор токму 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен. Додека СДСМ, токму со таа интервенција го внесува Тиквеш во заедничка компанија 3 месеци по пуштање во работа на ХЕЦ Чебрен. Тоа е суштинска и огромна разлика. На овој начин Владата на СДСМ заштедува 100 милиони евра, пари на граѓаните, истакнуваат од партијата на власт.

Мицкоски соопшти дека Владата неколкупати ги менувала одлуките поврзани со изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, со што создала сложена ситуација и потенцијално голем проблем во иднина. Тој во интервју за „Република“ изјавил дека целиот процес изобилува со многу пропусти, поставен е на лоша основа и е воден погрешно поради што понатаму ќе има сè повеќе пропусти.

Во транскриптот од излагањето на Мицкоски во емисијата, кое како соопштение го испрати неговата партија, се изнесува серија хронолошки подредени документи со кои тој ги лоцира, како што се вели, пропустите во процесот што придонеле ситуацијата да биде проблематична.

-Тоа е голема разлика бидејќи ако отприлика таа градба трае шест години, а ХЕЦ ‘Тиквеш’ произведува отприлика 140-150 илјади мегават часа, пазарната цена е некаде околу 120 евра мегават час, но таа е пикова енергија и е уште поскапа, но, еве, да речеме, 120 евра мегават час, помножено со 6 години ние добиваме сума од 100 милиони евра, рекол меѓу другото Мицкоски.

Слични содржини