До вчера Христијан Мицкоски се силеше дека има ново парламентарно мнозинство а денеска го пушти Александар Николовски да се бламира со иницијативата за која не се знае дали има мнозинство или веќе му испари. Деновите пред нас ќе покажат дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат доволно пратеници за излгасување недовреба за Владата или не, се јавија со реакција од СДСМ по прес-конференцијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Според нив, СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, „со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ“.
-Нема да дозволиме загрозување на постигнатото, на Договорот од Преспа, на Охридскиот рамковен договор, на Договорот за доброседство со Бугарија, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.
Имаме заедничка кауза, граѓанска и државничка, зад која стои огромното мнозинство наши граѓани но и пратеници, велат од владеачката партија.
Николоски денеска објави дека тие заедно со пратениците на АА и Алтератива, Беса и Левица поднесуваат иницијатива за гласање недоверба на Владата.
Според него, оваа иницијатва ја потпишале 61 пратеник и нивните очекувања се дека претседателот на Собранието во соодветниот рок ќе закаже седница, односно најдоцна до четврток.