СДСМ: Добро е да се дебатира на евтина тарифа во недела, но за енергетиката ДПМНЕ се убедливо најслаби

од Stefanija Kuzmanovska

Добро е да се дебатира на евтина тарифа, во недела, но енергетиката е поле каде што Христијан Мицкоски и ДПМНЕ се убедливо најслаби и со најлоши резултати. Во времето на ДПМНЕ струјата беше поскапена за 100%, иако немаше глобална енергетска криза. Дополнително дневната евтина тарифа на струјата за граѓаните беше укината. Тоа е времето кога Мицкоски беше советник на Груевски за енергетика а потоа и директор на ЕСМ, соопштуваат од СДСМ.

„Кога наместо во енергетски капацитети се планираа градби на „рајски градини“ и паркови со мајмуни вредни 14 милиони евра. Колку е големо непознавањето на енергетиката од страна на Мицкоски говорат сите негови промашени прогнози дека струјата ќе поскапи за 40%. СДСМ не само што не дозволи да поскапи струјата туку со успешни енергетски политики во време на глобална криза го заштити стандардот на граѓаните и го одржа енергетскиот сектор“, наведуваат оттаму.

Додаваат дека над 600 илјади домаќинства добиваат субвенционирана цена на струјата и до 90%.

„СДСМ го зголеми домашното производство на струја за 45%, за прв пат после 12 години беше активирана ТЦ Неготино а со тоа увозот на струја е драстично намален. Тоа е време на СДСМ кога ДПМНЕ спроведуваше активна блокада на Собранието и кога се постигнаа најдобрите резултати во енергетиката во нашата земја“, стои во соопштението.

Во изминатите две години, како што наведуваат од политичката партија, имаме најголемо инвестирање и најмногу обновливи извори на енергија кои што произведуваат електрична енергија.

„До 2016 година во време на владата на ДПМНЕ имало само 16 мегавати инсталирани обновливи извори на енергија. Само во изминатите две години во мандатот на СДСМ се исталирани 600 мегавати обновливи извори на енергија, кои може да снабдуваат околу 170 илјади домаќинства со струја. Над 270 километри гасовод изгради СДСМ а ДПМНЕ само 35 километри. 270 километри гасовод е многу значајно за гасификацијата која е при крај, цела делница Куманово па преку Неготино и Битола долга 188 километри, делницата Скопје-Тетово-Гостивар од 76 километри, кракот кон Тетово“, истакнуваат од СДСМ.

Појаснуваат дека единствено она што било впечатливо на денешниот настан на ВМРО ДПМНЕ е што сите ангажирани експерти биле истите кои ги „промашија сите прогнози кога јавно велеа дека струјата ќе поскапи а тоа никогаш не се случи“.

Слични содржини