СДСМ: Донесен Буџетот за 2021 година, не успеаја блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
185 прегледи

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Буџетот за 2021 година кој е скроен да одговори на здравствените и економски последици од коронавирусот.Пропадна уште еден срамен обид за блокада на ВМРО-ДПМНЕ овојпат за носењето на Буџетот за 2021 којшто е важен за граѓаните и за економијата, велат од СДСМ.

-Јавноста беше сведок на уште едно подло, неодговорно и нечесно однесување на ВМРО ДПМНЕ кога опозициските пратеници ја напуштија салата во моментот кога Буџетот требаше да се гласа, мислејќи дека нема да се обезбеди кворум и со тоа Буџетот нема да биде изгласан.

ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата беа спремни државата да остане без донесен Буџет, да мора да функционира преку времено финансирање и тоа во година во којашто треба да се санираат последиците од економската и здравствена криза, финансиски да се поддржат граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и одговорност не одат во иста реченица. Водени само од својот личен и партиски интерес, тие целосно го имаат изгубено чувството за грижа и одговорност пред граѓаните.

Во време кога цел свет се обединува во борбата против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ избега од Собранието и од мерките кои се од интерес на граѓаните и државата.

Истото ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски избега од избори, избега од граѓаните, но никако не може да избега од срамот за нечесните политики коишто ги води, стои во соопштението на СДСМ.

Слични содржини