10
ДПМНЕ е партија со најголем број осудени криминалци во историјата на државата, вклучително и членови на највисоките раководни тела. Денес, истите тие луѓе се во врвот на партијата, а некои од нив заземаат клучни раководни позиции во државата, стои во соопштение на опозициската СДСМ
ДПМНЕ е криминална структура што никогаш не се откажа ниту од Груевски, ниту од Јанакиески, Јанкуловска, а осомничениот криминалец Игор Јанушев им е еден од главните во Владата. Тоа е вистината. Затоа, кога повикуваат СДСМ да се откаже од некого, најпрво треба да се погледнат себеси. Ако се откажат од сите обвинети и осудени во нивните редови, во „белата палата“ ќе им останат само чуварите, нагласуваат од најголемата опозициска партија.
Во недостаток на политики и идеи, во време на драстичен пад на животниот стандард и економијата, ДПМНЕ повторно посегнува по единственото што знае – политички прогон и етикетирање на опозицијата. Нема ниту почитување на презумпцијата на невиност, ниту на уставните права на граѓаните. Полека, но сигурно, режимот се враќа, потенцираат од СДСМ.
Им порачуваме: граѓаните веќе го препознаваат ова однесување, и добро знаат како заврши тоа минатиот пат. Ниту ќе не заплашат, ниту ќе не одвратат од намерата да ги разобличиме сите нивни скандали, криминали и неспособност што ја уништуваат државата и животот на граѓаните, нагласуваат од СДСМЗатоа, нивните секојдневни, папагалски повторувања и соопштенија се залудни. ДПМНЕ е прочитан буквар, а нивните политички стратегии се неефикасни и веќе видени, стои во дел од соопштението на опозицијата.