ДПМНЕ на половина мандат од локалната власт во град Скопје и во 40-тина општини целосно ги разочара граѓаните. Со неисполнување на дадените ветувања, ја изневери довербата на граѓаните, соопштија од СДСМ. Порачуваат дека најголемата опозициска партија го доведе Скопје во хаос, со нефункционални јавни претпијатија, кои тонат во долгови.
„Послаб градоначалник дури и од Арсовска е првиот човек на општина Аедродом Тимчо Муцунски, кој не реализираше речиси ништо од својата програма, а проектите на претходната локална власт предводена од СДСМ ги презентира како свои, како новоизграденото училиште „Димитар Македонски” во населба Лисиче, започнато од претходниот градоначалник“, велат од СДСМ.
Според партијата на власт, по две години од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ, целата јавност се увери во нивната неспособност и празни ветувања.
„Градоначалниците на ДПМНE се најголемо разочарување за граѓаните“, истакнуваат од владеачката партија.