СДСМ: Драстично намалување на трошоците за брзи кредити, го прекинуваме „должничкото ропство“

од Nikola Popovski
303 прегледи

СДСМ го поздравува фактот што пратениците од параламентарното мнозинство вчера ги усвоија законските измени – каматата да не биде поголема од долгот. Со новите измени, како што истакнуваат, каматната стапка  престанува да тече кога ќе го достигне износот на главниот долг.

-За долг на сметка од 500 денари имаше случаи кога се бараше наплата од 5.000 денари, затоа што каматата што треба да ја платат им е десетици пати поголема од долгот кој реално го имале. Тоа завршува. Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот, соопштија од СДСМ.

Се додава дека се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

Овие предложени измени директно ќе се однесуваат и на Законот за финансиски друштва каде што е регулирано финансиското друштво да не може да склучи договор за потрошувачки кредит, ако трошоците што не влегуваат во годишната стапка на вкупни трошоци надминуваат 60% од износот на одобрениот кредит. Надоместоците се однесуваат на сите трошоци што потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот, а кои произлегуваат или на каков било начин се поврзани со договорот за потрошувачки кредит или поврзани услуги

Една од целите на измените на Законот за облигациски односи е заштита на правата на должникот поради неактивна улога на доверителот и извршителот. Досега беше предвидено сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, да застаруваат за десет години, па дури и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок за застареност.

Внесен е и нов став кој ќе го појаснува овој дел, при што предлог е застареноста да може да биде прекината само во случај на наплата и реализација на дел од побарувањето, а не со само преземени дејствија на Поднесено барање за извршување, Изготвен налог и слично. Пратениците од СДСМ се подносители на Законот.

Слични содржини