СДСМ е наследник и поддржувач на НОБ, а ВМРО-ДПМНЕ на Ванчо Михајлов, вели Коциќ

од Берта Китинска

СДСМ е наследник и поддржувач на НОБ а ВМРО-ДПМНЕ на Ванчо Михајлов, извршителот на фашистичкиот Трет Рајх. Прво нека се преиспитаат внатре и нека си го сменат Статутот, вели пратенкот Ненад Коциќ.

тој посочува дека СДСМ осудува провикации од било каков вид.

-Оваа земја почива на херојството на нашите претци и делата на македонската антифашистичка борба. За нас значењето на антифашистичката борба е исклучителна, државничка и безвременски важна.
Затоа, наша обврска е иституционално да најдеме решенија за да ги затвориме овие прашања кои свесни сме дека иритираат, но уверени сме дека се спорадични и предизвикани од нечиј трет интерес.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која во својот статут има континуитет со Ванчо Михајлов, сојузникот и извршителот на Третиот Рајх, го велича неговиот лик и дело. Лицемерно, безобразно и дрско е ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх да ја обвнува СДСМ, партијата којашто е единствен наследник и поддржувач на вредностите од НОБ во државата.СДСМ останува на тој курс а дневната злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ нема да им донесе ништо. Вистинската заштита и одбрана на македонскиот идентитет, јазик и посебност СДСМ ја покажува секој ден, во Брисел во Вашингтон, во целиот свет. И тоа е единствениот вистински пат, европскиот, вели Коциќ.

Слични содржини