СДСМ го повика Иванов да не одолговлекува во обид да ги спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност и веднаш да го додели мандатот.

Единствената пречка за Република Македонија се Ѓорге Иванов и Никола Груевски, реагира СДСМ откако беше објавен став од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов дека пречките за давање мандат за состав на влада не се отстранети.
„Го повикуваме Иванов да не одолговлекува во обид да ги спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за криминалите и злоупотребите, и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска Влада на граѓаните на Македонија. Огромно мнозинство од околу 700 илјади гласачи избраа промени, правда, заедништво, и Програма на новата Влада тоа ќе го овозможи“, се наведува во реакцијата на СДСМ.