Пратениците од редовите на СДСМ ги поддржа трите предлози на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Драган Данев и Невенка Стаменковска да се гласаат по скратена постапка законите за извршување, за зголемување на платите на административците за 5 отсто и за студентите да добијат компјутери.

Со овие предлози, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат зголемување на платите за административците за 5 отсто, промена на законот за извршување, како и студентите од трета и четврта година да добијат вредносни ваучери за набавка на компјутери.
Пратеникот Илија Димовски веднаш потоа излезе на говорницата од која му се заблагодари на парламентарното мнозинство на барање на пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов.
-Предупредувам дека ставањето на дневен ред на овие измени не значи усвојување на законите. По усвојувањето ќе се знае дали јавниот сектор ќе го добие ова покачување од пет отсто што го предлагаме. Ова може да биде тактика со ставање на дневен ред, но потоа да не бидат изгласани од мнозинството – рече Димовски.
И по ваквата одлука на СДСМ, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржаа предлог-законите на СДСМ, за измените за минимална плата, укинување на радиодидифузна такса и обештетување на стечајците, иако пред почетокот на седницата Илија Димовски вети конструктивност од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за нивните предлог-закони.