СДСМ ги покачи платите на наставниците за 55%, порачаа од партијата на власт

од Nikola Popovski
180 прегледи

Платата на наставниот кадар во изминатите шест години владеење на СДСМ е покачена за 55 отсто, порачаа од партијата на власт, нагласувајќи дека изминатите шест години сериозно инвестираат во унапредување на образованието.

Освен во платите, од СДСМ велат дека инвестираат и во инфраструктурата во образованието, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта.

-Продолжуваме со капитални инвестиции и вложувања во подобри инфраструктурни услови за образование, како еден од врвните приоритети. СДСМ работи на достоинствено вреднување на трудот на наставниците, создава современо образование за секое дете, која ќе ја движи државата напред, стои во партиското соопштение.