СДСМ го исклучи Шилегов од партија

Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ

од Vladimir Zorba
51 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма Тв

Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ.

„Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“.

Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ.

ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре.

Сега на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“, стои во соопштението на СДСМ по повод одлуката.