СДСМ го осуди демолирањето на автомобилот на Митева и побара расчистување на случајот

од Nikola Popovski
267 прегледи

СДСМ го осуди кршењето на автомобилот на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Партијата ги повика надлежните институции целосно да го расчистат случајот.

-Секој чин на вандализам, насилство или уништување приватна сопственост е неприфатлив и недозволив, спротивен на вредностите на нашето македонско демократско општество. Очекуваме и ги повикуваме сите надлежни институции да го расчистат случајот, сторителите да бидат откриени и да понесат одговорност согласно законите, велат од владеачката партија преку соопштение.

Претходно Митева објави на социјалните мрежи дека нејзиното возило утрово било демолирано.

-Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано. Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали. Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има, напиша портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од автомобилот.

Слични содржини