СДСМ го осудува палењето на автомобилот на Ристески: „Доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми не е начин неосновано да се обвинува било кој“

од Nikola Popovski
268 прегледи

СДСМ го осудува палењето на автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

-МВР и сите надлежни институции ги повикуваме и очекуваме целосно да го расчистат случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, сторителите да бидат пронајдени и санкционирани согласно законите. Повикуваме на одговорност и очекува јавноста детално да биде инфрормирана за причините, мотивите како и за сторителите, велат од партијата.

Од таму додаваат и дека „доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми не е начин неосновано да се обвинува било кој, како што поединци во оваа партија на чело со армискиот дезертер, Драган Ковачки го прават“.

-Обидите за манипулација и покажувањето со прст кон некој друг, само за дневно-политички цели, е свесна злоупотреба на случајот, а можеби и свесно погрешно наведување, стои во соопштението на СДСМ.

Полицијата информира дека синоќа околу 2 часто по полноќ во ТППЕ Прилеп бил пријавен пожap на автомобил на Ул. “Цар Самоил”. Екипа со тројца пожарникари излегла на терен и за брзо време пожарот бил ставен под контрола, а опожарени биле две возила, во сопственост на пратеникот Ристески.

Слични содржини