СДСМ: Го осудуваме симнувањето на државното знаме во Куманово, а Груевски да престане да си игра со стабилноста

од desk2
107 прегледи

СДСМ го осудува симнувањето државното знаме на Република Македонија од јарболот во центарот на Куманово.

„Ги повикуваме граѓаните да не потпаѓаат под провокации коишто имаат за цел поттикнување меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се.

Сите вакви инциденти одат во прилог на насилните политики на Никола Груевски и на тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои во подгревањето меѓуетнички тензии и помеѓу припадници на иста етничка група гледаат обид за спас од одговорност за направените криминали.

Во таа насока се и лажните вести на медиумите под контрола на Никола Груевски, кои го користат овој изолиран инцидент за лаги и нови провокации.

Граѓаните знаат дека постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија, достапна и на Веб страницата на СДСМ на следниов линк, каде што може да се види дека државните симболи не се предмет на Програмата.

Тие се единствено предмет на Никола Груевски кој преку поделби и форсирање бинационална држава, бара начин да избегне одговорност за направените злодела врз граѓаните, дури и по цена на штета на стабилноста и мирот на граѓаните.

Македонија ќе добие нова реформска Влада и ќе биде правна држава, а сите кои работеле спротивно на законот, ќе одговараат. Тоа Никола Груевски и кој и да е друг, со ништо не може да го спречи“ велат од СДСМ.