СДСМ го потврди првиот кандидат за градоначалник

од Nikola Popovski

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово го потврди првиот кандидат за градоначалник од редовите на социјалдемократите. Тоа е Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на градот.

-За некој ден ќе ги објавиме првите 20-тина кандидати за градоначалници, на почетокот на август ќе ја објавиме втората група кандидати, а третата група кон крајот на август. Но, нема посоодветно место од Валандово, да го објавам првиот кандидат за градоначалник, за кој нема никакви дилеми ниту во општинската организација на СДСМ, ниту меѓу коалицијата. Драго ми е да го објавам првиот градоначалник, кој ќе биде и избран на следните локални избори, Перо Костадинов, човек кој тоа го залужува, изјави синоќа Заев.

Тој најави дека постапката за останатите кандидати продолжува преку испитување на јавното мислење и анкетирање на членството.

„Сакам да ве информирам, дека сите социјалдемократи дека овој викенд ќе имате електронско гласање, односно ќе добиете СМС-порака преку која ќе се изјасните за кој кандидат за градоначалник ја давате вашата поддршка“, информира Заев.

 

Слични содржини