113
Мицкоски да каже колкава штета им направи на граѓаните со блокадите во Скопје и да се повлече од блокадите, побараа денеска од СДСМ.
Од партијата поставија неколку прашања до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Колкава е штетата на илјадници граѓани кои наместо со автобус мора да плаќаат такси до своите работни места? Колкава е штетата што граѓани не можат на време да стигнат на прегледи и операции? Колкава е штетата по стопанството затоа што не можат навреме да испорачаат стоки и услуги?