СДСМ го прашува Мицкоски: Што потврдува за ДПМНЕ криминален имот и почесен претседател на црна листа на САД?

од Nikola Popovski
451 прегледи

СДСМ излезе со реакција на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ставањето на црна листа на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Како што велат од партијата на власт, „Мицкоски коментира одлуки, а е претседател на партија ДПМНЕ со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, со конфискувана Бела палата и партија со почесен претседател на црната листа на САД“.

СДСМ постави прашање до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ:

-Што потврдува ова за ДПМНЕ? Или на пример што потврдуваат за ДПМНЕ бројните судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери со нивни јавни признанија, меѓу кои и за злосторничко здружение?, соопштија од „Бихаќка“.

Мицкоски денеска од Гази Баба рече дека „не треба нас некој друг да ни кажува дека има криминал во Македонија“.

-Тоа го чувствува секој граѓанин дека сме најкриминална држава. Не можеме при очи да се правиме слепи, а при уши да се правиме глуви. Ова што пристигна од Стејт департментот е само потврда на тоа што го чувствуваме. Тие имаат докази, барем така јас го сфатив соопштението, и дека има голем криминал позади него. Дури и самата ДУИ молчи, вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини