СДСМ е консолидирана, обединета партија која се враќа на победничките патеки и граѓаните тоа го препознаваат. Доказ за тоа е преполната сала синоќа во Домот на културата во Битола каде се одржа првата од циклусот трибини „Силно и одлучно кон иднината“, соопштија утрово од СДСМ.
Според партијата, граѓаните знаат дека со СДСМ и Димитар Ковачевски се сигурни, дури и во време на светска економска и енергетска криза.
-Минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, два пати ги зголемивме пензиите за вкупно 10 отсто, донесени и реализирани се два пакета на антикризни мерки вредни над 750 милиони евра.
Во време на светска енергетска на располагање се ставени сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, а Владата особено премиерот Ковачевски преку партнерски однос успеваат да обезбедат доволно енергенси од соседните земји.
Огромен напредок е направен и во евроинтеграциите, по цели 17 години државата ги започна преговорите за полноправно членство во ЕУ, стои во соопштението од владеачката партија.