СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се фатија за Ќосето оти имаат изработено нула проекти

од Nikola Popovski
143 прегледи

Со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните наместо развој и реализација на најавените капитални проекти, добија НУЛА проекти, безидејност и стагнација, велат од СДСМ.

Од владечката партија обвинуваат дека опозицијата „се фатија за споменикот на Ќосето, клучниот симбол на Груевизмот, споменикот на егзекуторот на ВМРО, џелат кој извршувал нарачки за убиства кој, стоеше пред палатата на правдата, како порака, што може да ги снајде сите кои мислат поинаку“.

-Прво градоначалничката на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Данела Арсовска бараше споменикот на Ќосето да биде вратен на претходната локација.

Потоа, Советот на општина Аеродром, на предлог на Левица со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, усвои иницијатива со која ќе побара од Собранието поставување на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето на територија на Аеродром. Оваа иницијатива е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се доследни на тоталитарната идеологија на бегалецот во Будимпешта, Никола Груевски, стои во партиското соопштение.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска минатиот месец испратила писмено барање потпишано од нејзе до Општина Центар да се даде согласност за почнување постапка согласно која би почнала процедурата за враќање на Ќосето на истата локација од која беше тргнат. Од таму одговорија дека барањето го доставила на погрешна адреса, односно дека треба да добие согласност од Собранието.

Споменикот на контроверзниот Андон Лазов-Ќосето (1855-1953), беше поставен пред судовите во 2014, кога градоначалникот беше Коце Трајановски. Ќосето е еден од петте споменици кои Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Со доаѓањето на функција на тогашниот градоначалник Петре Шилегов, споменикот беше отстранет оти било утврдено дека е дивоградба односно нема решение за негово поставување. Откако беше тргнат, споменикот беше однесен во магацин на „Металски завод-Тито“ во Скопје.

Слични содржини