СДСМ: Градоначалникот на Кисела Вода склучувал договори со роднини, пријатели и медиумски поддржувачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска

Од владејачката партија обвинуваат дека градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, склучувал Договори со роднини, пријатели и медиумски поддржувачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ

-Не може да немаат пари за струја, за парно, за помош на граѓаните среде криза а немилосрдно да ги трошат парите на граѓаните за партиски вработувања и вдомувања на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на своите роднини и пријатели.Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, нема свој ниту еден проект досега реализиран. Но затоа има еден куп склучени договори за вработувања, меѓу кои и голем број со авторски договори.Преку договори со суми од 40 па и од 50.000 денари, парите на граѓаните завршуваат кај членови на ВМРО-ДПМНЕ, нивни роднини, пријатели, па дури и нивни медиумски поддржувачи, објаснува Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје

Шутаров вели дека само во ноември 2021 година, Ѓорѓиевски склучил 11 вакви Договори кои се продолжени и во оваа 2022 година.

-Славче Трпевски – партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на Катастар, против кого има Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.Еве го тој договор. На партискиот кадар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓиевски му обезбедил 40.000 денари а има и анекс на Договор.Наталија Митовска – од порталот Инфомакс, медиум кој е под директна контрола на ВМРО-ДПМНЕ, исто така има Договор со општина Кисела Вода. Со парите на граѓаните очигледно се плаќа пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ и ширењето лажни вести.Еве го Договорот на Митовска, 24.000 денари месечно, но има и анекс на Договор, како да нешто не било доволно. Исто како Трпески, таа е ангажирана за изготвување Извештај со елаборирање за спроведување програма на месна самоуправа, подвлекува од Шутаров.

Тој појаснуваат дека тоа не е се и дека на списокот партиски договори на Ѓорѓиевски има и роднини и лични пријатели на градоначалникот.

-Сара Ѓорѓиевска – роднина, поточно братучетка на градоначалникот, исто така има Договор вреден 30.000 денари.Прием на странки, телефонски разговори и прием на пошта. Како од цела општина да немало човек за оваа работа па морала братучетката на градоначалникот да биде наградена.Договор има и за Кирил Митревски, близок пријател на градоначлникот, вреден 50.000 денари но и многу други лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, како Влатко Стојановски, Кирил Димчевски, Сашо Јовановски, Ленче Алтова и др, вели Шутаров.

Слични содржини