СДСМ: Градоначалниците на Гевгелија и Штип злоупотребуваат општински ресурски за да му прават ќеиф на Мицкоски

од Берта Китинска
161 прегледи

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да ги партизираат општините со кои раководат и се однесуваат расипнички со парите на граѓаните.Последен доказ за тоа е „позајмувањето“ на цистерна од јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од општина Гевгелија на општина Штип, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека возилото од Гевгелија било испратено за Штип за да ги мие улиците пред посетата на Христијан Мицкоски на овој град.

-Ова е класичен пример на злоупотреба на општински ресурси за партиски цели, за која одговорност треба да понесат градоначалникот на општина Гевгелија и директорот на комуналното претпријатие.Наместо да работат за граѓаните, градоначалниците на општините Гевгелија и Штип, како и многу други, работат единствено за интересите и ќеифот на Мицкоски.Изминуваат првите шест месеци од мандатот а градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо за граѓаните, велат од СДСМ.