МРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за економија, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници ги троши парите на граѓаните на партиски вработувања и договорени тендери.
-Владата предводена од СДСМ двојно ја зголеми минималната плата која во време на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше едвај 9.000 денари.Со септемвриската плата следуваат повисоки месечни примања за вработените во образованието, детската заштита полицијата и одбраната.Следува и рекордно зголемување на пензиите согласно новата методологија а следуваат и нови мерки за помош на граѓаните и стопанството.Како за време на кризата со пандемијата, така и со глобалната економска и енергетска криза ВМРО-ДПМНЕ не придонесува со ништо освен што шири лажни вести и дејствува деструктивно на штета на интересите на граѓаните, велат од СДСМ.