Соработка на локалните избори планирани наесен договориле коалиционите партнери во владата, Зоран Заев и Али Ахмети.
Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека на попладневната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети договориле соработка за изборите и меѓусебна поддршка во некои општини уште во првиот, а во други во вториот круг.
„Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори“, напиша Заев во објавата на Фејсбук.
Премиерот потенцира дека заедничка цел на СДСМ и ДУИ е во предизборната соработка да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.
ВМРО-ДПМНЕ и албанската коалиција Алијанса/Алтернатива се тие кои се уште не ги објавиле можните имиња за градоначалници на Тетово.