СДСМ: И во Скопје и низ цела држава, Мицкоски го очекува пораз на локалните избори

од Vladimir Zorba
228 прегледи

„Христијан Мицкоски уште еднаш покажа дека ниту самиот не верува во неговата понуда за кандидати за градоначалници. Очигледно е дека Мицкоски има проблем да најде кандидати за градоначалници, затоа што знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен губитник на локалните избори. Класичен блеф е ставот на Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз не само во Скопје туку и низ целата држава“, реагираат од СДСМ на интервјуто на лидерот на опозицијата за Сител.

„Истовремено, лажна е грижата на Мицкоски за јавното здравје, кога тој прв ги прекршуваше мерките и поддржува протести на кои се загрозува јавното здравје и се навредуваат здравствените работници.

Сето тоа се докази за неодговорното однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на Мицкоски, тој е осамен во својот простотилак кој јавно го обелодени на социјалните мрежи, затоа му следува уште еден пораз.

И на претстојните локални избори граѓаните ќе го победат ретроградниот концепт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе им испорачат нов пораз седми по ред“, сметаат од Бихаќка.