СДСМ: Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на Уставот

од Nikola Popovski
144 прегледи

Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав и треба да се отфрли. Уставот како највисок правен акт е јасен: Во член 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон. Договорот за добрососедство е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува со закон, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на прес-конференција.

Според него, иницијативата на Мицкоски е директно насочена кон попречување на патот кон ЕУ, против македонскиот јазик во ЕУ и против заштита на македонскиот идентитет, македонската посебност.

-Предлагач на оваа неуставна иницијатива пред граѓаните, е токму човекот и партијата која НЕ ГЛАСАШЕ против Договорот за добрососедство во Собранието, дури не го удостои народот со став во собраниската сала, иако се платени од граѓаните, а сега сакаат пак да се сокријат зад народот.

Можеби Мицкоски и бизнис групата околу него го прават ова со надеж дека ќе предизвикаат штета и на тој начин ќе дојдат до власт, но овде е државниот и национален интерес во прашање. СДСМ нема да дозволи ретроградните сили да ја закочат иднината на македонските граѓани, рече меѓудругото Митрески.

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери денеска да одлучи да не ја прифати иницијативата за организирање референдум за поништување на Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2018 година. Вклучувањето на Бугарите во Уставот сега е услов за формално почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Слични содржини