Агресијата врз Украина е закана за европскиот и светскиот мир, но и за глобалната економија.Во таа насока Владата предводена од СДСМ ги следи и промените на економските текови и последиците од новонастанатата ситуација, велат од владејачката партија.
-Институциите, државата се подготвени да одговорат на сите нови предизвици во делот на економијата и енергетиката, со цел да се заштити домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.Како одговорна партија, преку институциите што ги предводиме ќе сториме се, последиците од конфликтот во Украина врз домашната економија да бидат што помали и што послаби, посочуваат од СДСМ.