СДСМ преку надлежното министерство и институциите гради партнерски однос со земјоделците. Во време на светска економска и енергетска криза, особено е важно домашното земјоделско производство, затоа, Владата предводена од СДСМ презема мерки за дополнителна помош за земјоделците. Оваа година, во најкризната година, исплатени се сите заостанати субвенции кон земјоделците, вели Гоце Георгиевски од комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и додава:
„Покрај редовната и зголемена исплата на субвенции, за оваа 2022 година обезбедивме дополнителни 52 милиони евра за земјоделците.
Секоја педа земјоделско земјиште го ставаме на располагање на земјоделците, дополнителни 13.000 хектари државно земјиште доделивме на земјоделците за одгледување на стратешките култури.
За одгледувачите на житни култури обезбедивме и дополнителна субвенција за набавка на вештачко ѓубриво кое годинава е со сериозно зголемена цена.
Близу 90 милиони денари исплативме кон над 5.800 млекопризводители.
Склучени се и договорите за поддршка на жени земјоделки кои преку мерката Рурална жена добиваат до 6.000 евра неповратна помош за да го унапредат своето производство.
Сето ова се само дел од мерките за поддршка на домашното земјоделско производство.
Од година в година поддршката кон земјоделците постојано расте, денес тие се вреднувани и почитувани и можат да живеат достојно од својот труд.
СДСМ продолжува со грижа за македонското земјоделство како една од клучните гранки во нашето стопанство“.